Летни сандали во кои ќе се заљубите на прв поглед
•
26 мај 2014
Дојде сезоната кога речиси сите припаднички на понежниот пол сме опседнати со нашата најголема љубов- сандалите и чевлите со кои планираме да се подновиме за тековната топла сезона. Посакувани во секакви варијанти, веруваме дека ниеден модел не би бил вишок, затоа направивме избор на најубавите модели презентирани на писта од познати бредови и дизајнери. Генерално понудата вклучува многу впечатливи бои, принтови и колорни блокови.
И оваа сезона како и минатата не се исклучени сандалите на платформа, а во однос на летните чизмички до глужд, најактуелни се оние со отворени прсти. Нивниот изглед ги прави неодоливи, почнете со разгледување и задржете го здивот!