Моднo бомбардирање со бомбер јакни

25 ноември 2014

Моделите на спортски јакни препознатливи под името бомбер, се парчиња што не баш секој би ги имплементирал во својот стил. Сепак, тие имаат своја низа следбеници дури од 80-тите,  кога всушност стануваат актуелни. Тие имаат неодолива кул нота и се редок пример од уличната мода.

Освен тоа што се обожавани од модните индивидуалци, бомбер јакните од минатата сезона интензивно се  дел од колекциите на дизајнерите, а со тоа станаа и универзално обожавано парче. Различноста во материјал, текстура и стил, ги прават да изгледаат поинаку од секоја останата, а токму потади тоа бомбер јакните лесно се комбинираат со дневни и вечерни стајлинзи.

Malene Birger Malene Birger

Конкретно за тековната сезона, од полиците на брендовите можете да пронајдете нови модели во интересни бои,  од металик, монохроматски во земјени тонови, па се до такви со впечатливи принтови. Доколку сте љубител на овие спортски модели на јакни, време е да тргнете во потрага по една нова, а претходно погледнете ја галеријата и селектирајте ја онаа што најмногу ви се допаѓа.

Објавено:
25 ноември 2014
Категорија: 
Тренд