Мистични и уметнички колекции на претпоследниот ден од париската недела на висока мода

23 јануари 2014

Посетителите на претпоследниот ден од париската недела на висока мода имаа можност да видат навистина интересни и помалку мистични колекции на некои од најдобрите светски дизајнери. Maison Martin Margiela, Жан Пол Готје, Валентино и Виктор и Ролф беа само некои од дизајнерите чии колекции беа презентирани на модната писта.

Valentino Valentino

Жан Пол Готје

Жан Пол Готје Жан Пол Готје

Со Софија Лорен во првите редови и Дита фон Тиз на пистата, Жан Пол Готје претстави една сосема поинаква и исклучително уметничка колекција со интересни детали на сцената. Претставувањето на колекцијата започна со црни костими со панталони и здолништа со интересен и ултра секси крој, за потоа на пистата да се појават волуменозни здолништа, блузи со интересен крој и дезени, впечатливи модни додатоци и интересни шапки. Во однос на боите, на пистата можеше да се види навистина богат колорит. За крајот на колекцијата, Готје ја чуваше неговата миленичка Дита фон Тиз која се појави во костим на пеперутка од неговата колекција во кој изгледаше одлично, но со ултра тенка половина за која имаше и многу коментари.

Maison Martin Margiela

Maison Martin Margiela Maison Martin Margiela

Иако станува збор за недела на висока мода, такво нешто како да не забележавме во ревијата на Maison Martin Margiela. Брендот прикажа асиметрични парчиња во многу бои со впечатливи чизми во златна боја. Она што беше особено интересно е тоа што буквално сите модели на лицата носеа нешто што наликуваше на маска за мечување со интересни детали околу очите. Во колекцијата можеа да се видат колоритни долги здолништа, палта и фустани со најразлични комбинации на бои и дезени. Она што се провлекуваше низ целата колекција беа и фараонските моменти презентирани преку интересни куси фустанчиња споени со качулки.

Виктор и Ролф

Виктор и Ролф Виктор и Ролф

Исклучителна мода за балерини беше прикажана во колекцијата на Виктор и Ролф. Истата беше презентирана од страна на балерините од „Холандскиот национален балет“ кои на сцената беа неверојатно самоуверени изведувајќи го танцот на модата. Но, она што мора да го споменеме е тоа дека ниту оваа колекција не ги оправда очекувањата на посетителите за уживање во високата мода. Во колекцијата можеа да се видат здолништа, фустанчиња и тесни и куси блузички што беа единствено носливи само за танчерите. Новиот парфем на брендот што беше промовиран на финалето на ревијата, се чини дека за нив беше многу поважен отколку самите парчиња.

Валентино

Valentino Valentino

Балерините можеби се провлекуваа и низ колекцијата на Валентино, но само ако говориме за шминката и фризурата на моделите. Целата колекција на брендот буквално ги воодушеви сите присутни како што и се очекуваше. Неверојатен раскош од беспрекорни фустани, обоени во мистичните бои на есента. Луксузните материјали што се обележје на брендот, уште еднаш сосема елегантно го истакнуваа женското тело. Совршените детали и моделите на фустани, палта, здолништа и раскошни тоалети со беспрекорен крој беа како создадени за секоја жена на светот. Црната, белата, црвената, златната, кафената и бежовата боја како и нивните одлични комбинации беа најчесто употребуваните на колекцијата за паметење што вчера ни ја прикажа Валентино, а по која како што можете да си претпоставивте, сите полудевме!

Објавено:
23 јануари 2014
Категорија: 
Колекции