Висока мода Париз: Најдоброто од четвртиот ден

9 јули 2015

Четвртиот ден од модната недела во Париз беше можеби еден од највозбудливите досега. Виктор и Ролф прикажаа необично и одлично модно шоу, Ели Сааб остана доследен на неговиот луксуз, Лагерфелд ја имаше првата ревија на оваа модна недела со Фенди, а Готје си играше со формите.

Во продолжение прочитајте и погледнете го најдоброто од четвртиот ден од модната недела за Висока мода.

Жан Пол Готје

Жан Пол Готје

Дизајнерот претстави колекција која сосема нè потсети на него. Препознатливите риги и морнарските капи, секако стилизирани, ја отворија ревијата и како да назначуваа дека ова ќе биде своевидно патување низ 40-те години работа на Готје. Иако бега од формалните креации, тој понуди интересна игра на форми, која сосема ги задоволи љубителите на Висока мода.

Жан Пол Готје

Посебно внимание привлекоа креациите со скулптурирани здолништа, во форма на раширени лепези, а застапени беа и големите карнери, како и имплементирање на фолклорната естетика.

Жан Пол Готје

За разиграноста на колекцијата не придонесуваат само формите, туку и принтовите, боите (жолта, портокалова, бела и црна), како и звукот на гајдите, со што започна и заврши ревијата. Токму низ сите овие нешта, може да се насети и инспирацијата за целата колекција, а тоа е обалата на Бретанија.

Жан Пол Готје

Жан Пол Готје

Жан Пол Готје

Виктор и Ролф

Виктор и Ролф

Уште едно од нашите омилени шоу-а од оваа модна недела. Холандското дуо Виктор Хорстинг и Ролф Снорен претставија перформанс – ревија, со што направи поврзување на две категории – уметноста која секогаш ги инспирира и Високата мода. Колекцијата го носи насловот „Нослива уметност“, а она што го мислеа го пренесоа на писта и тоа буквално.

Виктор и Ролф

Моделите носеа креации составени од сликарски платна, „прекршени“ рамки, кои потоа дизајнерите ги расоблекоа и ги закачија на ѕидот, со што можеше да се види дека на платната има ренесансни портрети.

Виктор и Ролф

Виктор и Ролф

На сосема нов и оригинален начин, тие уште еднаш го актуализираа старото прашање, може ли високата мода да биде нослива.

Виктор и Ролф

Ели Сааб

Ели Сааб

Од овој дизајнер се очекува раскош, женственост и гламур, а тој токму тоа и го дава. Во свој препознатлив стил, Ели Сааб и овој пат понуди колекција создадена од богати материјали. Мрежестата тантела, украсни камења повторно беа доминантни. Повторно видовме и широки здолништа со џебови и истакнат струк.

Ели Сааб

Она што го практикува последниве колекции се материјали со принт, а неколку такви со цветни мотиви имаше и во оваа, што се освежување и наши фаворити.

Ели Сааб

 

Еден од новитетите се крзнените детали во годниот дел на неколку фустани. Инспирацијата за оваа ревија вели ја црпел од златото, па освен што како боја беше застапена, секоја од манекенките носеше негова интерпретација на круна или тијара.

Ели Сааб

Ели Сааб

Ели Сааб

Фенди

Фенди

Нема потреба да се нагласува дека оваа колекција беше составена од крзно. Иако членови на ПЕТА протестираа, обезбедувањето сепак ги држеше работите под контрола, а Карл Лагерфелд без пречки го презентираше своето шоу.

Она што е значајно за оваа ревија на Фенди е дека е прва на модната недела за Висока мода, а уште повеќе дека со неа Лагерфелд прославува 50 години работа за Фенди.

Фенди

Потпомогнат од симулакрумот на една од најпознатите слики на уметникот Џорџо де Кирко и креациите од крзно, дизајнерот уште еднаш постави врска помеѓу минатото, сегашноста и иднината, алудирајќи и на неговата работа во Фенди и јубилејот што го прославува.

Фенди

Крзоното од неколку различни животни беше претежно во монохроматски нијанси. И покрај негодувањата на сметка на тоа што не користи користи вештачко крзно, Лагерфелд ја оствари својата цел да создаде крзнен луксуз кој ќе биде достоен да се најде и на оваа модна недела.

Фенди

Фенди

Објавено:
9 јули 2015
Категорија: 
Колекции