Младешки оптимизам во пролетната колекција на Rombaut за 2015

12 август 2014

Авангардниот белгиски дизајнер на чевли, младиот Mats Rombaut кој стои зад истоимениот бренд Rombaut, во својата пролетна колекција обувки за 2015 година останува доследен на својата филантропска и еколошка естетика во креирањето.

Целејќи кон комплетен општествен напредок, пораката која Mats ја испраќа преку својот дизајн е младешки оптимизам карактеризиран преку грижливиот однос кон природата и севкупното човештво, а тргнувајќи од фактот што при изработката на своите чевли кои се со футуристички предзнак, користи исклучиво природни материјали. Крајниот резултат е сублимат на авангардни и шик форми, визионерски поглед на практичноста и близок контакт со природата. Токму технологијата и природата се споени во материјалите, додека пак минатото и иднината се прикажани преку формите.

Она што треба да се напомене е дека во најтесниот круг на соработници кои имаат исклучително значајна улога во промоцијата на брендот, е младата скопјанка Кристина Илиевска која веќе подолго време живее и работи во Париз од каде и лесно комуницира со целата интернационална модна сцена.

Fashionel неодама објави и интервју со оваа млада и креативна девојка која репрезентативно и сериозно навлегува во круговите на светскиот моденн бизнис.

Во продолжение погледнете го лукбукот и видеото реализирани за последната колекција на Rombaut.

http://vimeo.com/99829426

 

 

Објавено:
12 август 2014
Категорија: 
Колекции