Mодно шоу на ателје „Кокев“
•
29 април 2013
Ревијата се случуваше во Музејот на македонска борба за државност и самостојност,каде беа презентирани романтични и женствени модели со инспирација од 50-тите години. Романсата како носечка тема на дизајнерката Тања Кокев, покажа минимализам а во исто време и елеганција споена со стилот на денешното живеење. Во колекцијата преовладуваа пастелните бои а во деталите од ткаенината, тантелата, како неизбежен и безвременски детал.