Најдоброто од дизајнерското дуо Meadham Kirchoff на Fashion in Motion

10 декември 2013

Fashion in Motion е фантастичен моден перформанс во престижниот лондонски музеј за уметност и дизајн, Викторија и Алберт, во рамките на кој викендов дизајнерското дуо Meadham Kirchoff презентираше одбрани парчиња од дел од своите досегашни колекции.

Дизајнерите Edward Meadham и Benjamin Kirchhoff ги селектираа своите омилени парчиња кои се препознатливи по фантазијата сплетена во дизајнот, фокусот на убавите детали, но и мрачната страна која суптилно се појавува во нивните колекции, и на присутната публика во музејот и приредија воодушевувачко шоу.

„Огромна чест и задоволство е да се соработува со престижниот музеј. Секогаш потајно се надевавме дека ќе создадеме совршени парчиња кои ќе заслужат да бидат презентирани овде, па еве таа наша голема желба се оствари и тоа е незаменлива сатисфакција“, резимираат дизајнерите по завршувањето на перформансот.

 

 

Објавено:
10 декември 2013
Категорија: 
Колекции