Нашата омилена блогерка има нова колекција!

24 јуни 2016

Една од омилените блогерки која има навистина уникатен и впечатлив стил, Леандра Медин дизајнираше навистина супер колекција за брендот Atea Oceanie.

Основачката на блогот Man Repeller и една од најуспешните блогерки во моментов, создаде девет целосни стајлинзи за колекцијата на брендот.

Во истите смести парчиња со машки кроеви, широки панталони, кошули, здолништа и еден интересен костим што наликува на пижами.

Машката силуета се провлекува низ сите парчиња, но и покрај тоа, колекцијата е супер елегантна и женствена.

Бојата што преовладува во целата колекција е темно сината, а во одредени моменти можеме да видиме и прекрасна црвена и неизбежна црна.

Талентираната Леандра досега има соработувано со бројни брендови меѓу кои и Superga и Etre Cecile, но ова секако е еден од нејзините најуспешни проекти. 

Објавено:
24 јуни 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
577 пати