Нова колекција на Ели Сааб: Палета од графички принтови, ретро 60-ти и романтика

16 јуни 2022

Графички и апстрактни принтови, ретро вибрации од 60-те и романтична естетика ја сочинуваат палетата на новата ресорт колекција на либанскиот моден магионичар, Ели Сааб.

Низ приказната ве води ритам кој спојува неколку стилски различни аспекти, што во ваква целина хармонично функционираат.

Еден сегмент се геометриските и апстрактните принтови имплементирани во силуети со чисти кроеви. Вториот сегмент се неонските бои кои ѝ даваат вибрантна динамика на колекцијата. Понатаму, мини здолништата и сандалите на платформа реферираат на духот на 60-те интерпретиран во ултра современи сетови, но Ели Сааб никогаш не би бил комплетен без својот романтичен дискурс.

Ексклузивните женствени тоалети, воздушести и лелеави, украсени со тантела, светки и пердуви, ја даваат онаа најпрепознатлива есенција за Ели Сааб, заокружувајќи ја линијата во една волшебна сказна која ги спојува комерцијалното и бајковитото.

 

 

Објавено:
16 јуни 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
548 пати