Ели Саaб нè тера да фантазираме – нова раскошна „haute couture“ колекција

5 јули 2018

Либанскиот магионичар, дизајнерот Ели Сааб, знае како да ја разбуди нашата фантазија.

Тој е еден од оние дизајнери кои поседуваат своја формула, со која без исклучок, хипнотизира.

Неодамна дизајнерот ја посети секогаш инсиративната Барселона, која овој пат му послужи како идеја што се проткајува низ неговата нова „haute couture" колекција, што беше промовирана вчера во Париз.

Покрај раскошните фустани од брокат, централна улога во оваа линија имаат и оделата во чиј дизајн се имплементирани 3Д цветови, карнери и рачно изработени детали што вклопени во една целина создаваат уметничко дело.

Во целата оваа раскошна приказна, предимензионираните очила за сонце што често се појавуваат во комбинација со луксузните фустани, и даваат неконвенционална урбана нота.

 

Објавено:
5 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
236 пати