Новиот лукбук на Зара се потпира на проверените желби на клиентите

6 ноември 2014

Шпанскиот бренд Зара несомнено се води по девизата на многуте светски брендови, односно тенденциите насочени кон спортската елеганција. Токму таквите парчиња се содржани во најновиот лукбук, каде улогата на модел ја има хрватската манекенка Тамара Пернар. Таа на себе има креации кои ја отсликуваат есенско-зимската сезона. Тоа се  топлите џемпери и здолништа во пастелни нијанси  комбинирани на урбан начин, едноставните кошули, класичните  панталони, предимензионираните капути во машки крој, коктел фустаните и принт маичките .

Сите заедно ги одликува смирениот крој и монохроматиката, претежно од темните колорни нијанси. Изгледите се надополнети со женствени и елегантни модели на салонки со висока потпетица и сандали со текни преплетени ремчиња.

Освен за креациите како проверено успешна варијанта, Зара се потпре и на проверено успешна манекенка од Загреб. Годината која изминува за Тамара беше и повеќе од плодна. Таа се појави на модните недели во метрополите од ревиите  на брендови како: Родарте, Келвин Клајн, Џил Сандер и многу други, а исто така својата нагорна перспективност од кариерата ја дополни и со појавувањето во магазините Вог, Ел и Харперс  Базар.

Објавено:
6 ноември 2014
Категорија: 
Колекции