Од Зара никогаш не ни е доста: Новиот лукбук повикува на пролетни радости!

11 април 2014

Веќе докажаната и култна модна куќа Зара, во согласност со светските трендови секој месец објавува нов лукбук со актуелна понуда на одлични парчиња за сезоната.

Овојпат, парчињата од новиот лукбук дефинитивно повикуваат на многу пролетни радости. Истите се неверојатна комбинација од цветни мотиви и чист минимализам каков што во своите колекции преферираат Фиби Фило и Стела Мекартни.

Со оглед на тоа што стрит брендовите постојано ги следат трендовите и се инспирираат од парчињата од светските дизајнери, воопшто не е ни чудно што оваа колекција е резултат на таков микс.

Во оваа колекција, трендсетерките и вљубеничките во модата на Зара, ќе најдат лесни и лелеави маички со цветни дезени, прекрасни цветни фустани за сите пригоди, но и панталони, кошули и палта во бела боја, но и пастелни. Сите парчиња се со одличен крој, а особено палтата и панталоните кои што се вистинско олицетворение на минимализам.

Токму кај минималистичките парчиња, владее и оној, моментално најактуелниот спортско – елегантен стил што девојките ширум светот сѐ повеќе го обожаваат.

Погледнете што ни подготви Зара овојпат, а потсетете се и на нивната колекција накит и инспирирајте се со што да ги комбинирате овие нови парчиња.

Објавено:
11 април 2014
Категорија: 
Фото галерија