Новите кампањи на Миу Миу и Прада најавуваат драматична есен

10 јули 2013

Новата кампања на Прада за сезоната есен – зима 2013 во себе содржи мистичен гламур, а идејата е да се направи спој помеѓу глумата и модата, па токму поради тоа Мучиа Прада изјави – „Со помош на облеката може да се направат добри филмови“, алудирајќи на 9-минутно видео со драматична позадина. Дел од оваа кампања се Кристи Тарлингтон,  Фреја Бах, 19-годишната Малаика Фирт, која е вториот црномурест модел ангажиран за Прада по речиси две децении.

Истата мистичност ја има и во кампањата на Миу Миу за сезоната есен – зима 2013, но со таа разлика што идејата е слободата во изразувањето и просторот токму преку облеката. Дел од кампањата се Адријана Лима, Џорџија Меј Џегер и Линзи Викстон.

Во продолжение погледнете ги видеата и галеријата фотографии од колекциите на Прада и Миу Миу за претстојната сезона есен – зима 2013.

Објавено:
10 јули 2013
Категорија: 
Колекции