По две децении Прада повторно ангажираше црномурест модел

2 јули 2013

 

Малаика има само 19 години, а ова не е воопшто лош почеток за неа бидејки досега воопшто нема снимено едиторијали, па кампањата за колекцијата есен - зима на Прада се смета за нејзина отскочна даска. Таа е првиот црномурест модел кој се сликаше за Прада, ако се земе во предвид фактот дека последен пат беше ангажирана Наоми Кемпбел во 1994 година.

Интересно е да се знае дека за успехот на Малаика е заслужна нејзината мајка. Токму таа ја пријавила во агенцијата Premier Models кога имала само 17 години, а неостварена желба на Фирт е да биде ангажирана од Есте Лаудер.

Објавено:
2 јули 2013
Категорија: 
Актуел