Погледнете го егзотичниот дом на уште поегзотичната манекенка Малаика Фирт

27 јануари 2014

Изминатата година беше полна со патокази за младата и успешна светска црномурна манекенка, Малаика Фирт, чија кариера почна со есенската кампања за 2013-та на Прада, која  за неа претставуваше отскочна  даска во кариерата. Потоа следуваа исто така успешните ангажмани од Барбери и Валентино. Според модните експерти Малаика е новата Наоми Кемпбел, а споредбата е токму поради тоа што брендот Прада од 1994 година немаше ангажирано црн модел освен Кемпбел. Секако, сите тие успешни моменти, заслужуваат одмор, а Фирт која моментално живее во Лондон, деновите за одмор ги поминува во нејзиниот егзотичен роден крај, Мамбоса во Кенија.

-Не сум се вратила во Мамбоса цели три години, затоа сум многу возбудена што сум во моето родно место и што гледам колку се променило. Се разбира радосна сум и поради средбата со моето семејство, изјавува Малаика.

Младата и популарна манекенка секако споделува и фотографии од нејзиниот тамошен престој.

Фирт со желката Боко Боко која живее пред рестораност на нејзината баба Фирт со желката Боко Боко која живее пред рестораност на нејзината баба

Малаика заедно со пријател од детството Малаика заедно со пријател од детството

Заедно со братучедка Заедно со братучедка

Возење со кенијско такси Возење со кенијско такси

Со семејството Со семејството

Со помалите братучедки Со помалите братучедки

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
27 јануари 2014
Категорија: 
Сцена