Стела Мекартни се извини за постирање фотографија со преслаб модел

2 октомври 2014

Стела Мекартни беше критикувана откако на нејзиниот профил на Инстаграм стави фотографија со преслаба манекенка која носи бела маица со апликација, а е фотографирана во понеделникот во бекстејџ, за време на нејзината ревија на модната недела во Париз. Неколку часа по објавувањето на фотографијата, таа доби голем број негативни коментари за изгледот на манекенката, а нејзините следбеници меѓу другото истакнуваат  дека се разочарани, мислејќи дека таа дизајнира за вистински жени и дека изгледот на моделот е доказ за погрешната политика која владее на модната сцена.

Четири дена по објавувањето на фотографијата, ПР агентот на модната куќа излезе со изјава дека во целата гужва околу ревијата не обрнале внимание на изгледот на девојката и дека тие ги почитуваат сите големини, форми и изгледи на припадничките на понежниот пол.

Сепак и покрај извинувањето, фановите се уште се разочарани од дизајнерката, а меѓу другото побараа таа да ја сподели фотографијата со истата маица, но сликана на Малаика Фирт, која за разлика од другиот модел изгледа здраво и негувано.

Објавено:
2 октомври 2014
Категорија: 
Актуел