Омиленот бренд на скејтерите и сурферите – Ванс

3 декември 2013

Кога Пол Ван Дорен ја основал компанијата  Ван Дорен Рубер за производство и малопродажба на патики за млади, не ни претпоставувал дека неговата едноставна платнена патика ќе биде најбаран производ помеѓу скејтерите и сурферите ширум Америка.

Денес брендот нуди голем избор на облека, патики, чевли и опрема за сите оние кои активно или пасивно се занимаваат со екстремни спортови. Благодарение на ѕвездениот статус кој Ванс успеа да го изгради стана неизоставен дел од субкултурата - едноставно кажано Ванс е начин на живот.

Од самиот почеток па се до денес Ванс важи за бренд кој е лидер во областа на скејтбординггот и сноубордингот. Како дел од програмата на брендот е и промоцијата и подршката за водење на здрав и спортски начин на живот. Токму затоа низ цела Америка имаат изградено затворени скејт паркови и организират настани меѓу кои најпопуларен е Crown of SurfingT.

Ванс се познати по создавањето на уникатни модели патики со интересни комбинации на бои. Модерните и оригинални модели на патики се наменети за урбаната популација која живее со полна плуќа.

Објавено:
3 декември 2013
Категорија: 
Колекции