Атлетската естетика како актуелен есенски тренд

23 септември 2014

Модните инсајдери решија да ги заменат тесните фармерки со хеланки, а високите потпетици со патики. Но, тоа не е се'! Новитет во однос на модните парчиња се оние кои се изработени од неопрен, материјал кој е резервиран за изработка на спортска униформа, најчесто за нуркачите и сурферите. Модните куќи решија да ги искористат предностите на овој материјал и да направат модни парчиња со цел неопренот да добие едно сосема ново, поинакво и модерно значење.

Баленсијага, Александар Ванг, Клое и Ланвин се само дел од модните куќи кои го искористија неопренот за креирање на нови парчиња, а неговата предност е во фактот што се работи за водоотпорен материјал, кој е идеален за овој период од годината, кога променливото облачно време може да ве начека неподготвени.  Во продолжение погледнете дел од модните парчиња и додатоци кои дизајнерите ги подготвија за новата есенска сезона која е на самиот праг.

Објавено:
23 септември 2014
Категорија: 
Тренд