Мулбери Мулбери

Иако летото е во полн ек, сепак модните куќи најавуваат мистична есен исполнета со автентични и драматични модни парчиња и аксесоари. Во однос на модните додатоци тренд ќе бидат големите чанти кои ќе ги заменат малите плик чанти, кои пак се вистински хит ова лето.

Нарцисо Родригес Нарцисо Родригес

Вљубениците во волуменизираните парчиња ќе бидат воодушевени од големите чанти кои со себе носат предност во однос на капацитетот за собирање повеќе работи во себе. Бидејќи е познато дека припадничките на понежниот пол носат секакви детали со себе, овие чанти се вистинско решение за недостатокот на простор од малите чанти.

Блумарин Блумарин

Погледнете ја галеријата слики и одберете дали би сакале едноставна црна чанта од Марк Џејкобс или пак можеби чанта со крзно од Блумарин.

Објавено:
31 јули 2013
Категорија: 
Модни додатоци