Мулбери се „опоравува“ преку дизајнот на Кара Делевињ
•
21 јуни 2014
Покрај финансиските и кадровските борби, британскиот бренд Мулбери реши да се „опорави“ преку соработката со мега актуелната манекенка Кара Делевињ. Откако Кара го претстави својот дизајнерски обид на минатата лондонска модна недела, сега ни го презентира новиот дизајнерски чекор односно едиторијалот и видеото од создавањето на ранци и чанти за Мулбери за есен 2014 година.
Најновите фотографии всушност не се рекламна кампања на Мулбери, туку се дел од едиторијал изработен во соработка со хотелот Клариџ, од каде ќе се продаваат чантите со потписот на манекенката.
Во продолжение покрај фотографиите погледнете го и видеото од брендот кое ја „следи“ Кара во процесот на изработката на новите модели на чанти и ранци.