Британската манекенка која полека, но сигурно станува модел број 1 во светот, има мала слатка тајна која наскоро треба да биде откриена на ревијата на реномираниот бренд Мулбери.
Брендот официјално потврди дека заедно со манекенката работат на специјален проект што ќе го обелоденат во недела на ревијата во рамки на модната недела во Лондон.
Деталите поврзани за модната журка што ќе биде организирана во стоковната куќа Клариџ, се држат во строга тајна, но дефинитивно ветуваат спектакл во режија на познатата ИТ девојка и познатиот англиски бренд.
Имено, на „тизер“ видеото од брендот што се појави овие денови, можеме да ја видиме Кара како шета низ лондонските улици. Звукот на уличниот метеж послужи за саундтракот на видеото, додека единствениот збор што Кара го шепнува е: „Се гледаме во недела“.
Едвај чекаме да видиме што се подготвува, а знаеме дека е нешто добро!
&noredirect=1