Животинска чајанка – новата прекрасна кампања на Мулбери со Кара Делевињ

2 јануари 2014

Ѕвездата на 2013 изгледа како да планира да продолжи по стариот пат. Кара Делевињ е главната „актерка“ во новата кампања пролет/лето 2014 на модната куќа Мулбери.

Во свој стил, тие направија совршена сценографија со многу животни и шарени елементи што одлично се вклопуваат со парчињата облека од брендот презентирани од нивната миленичка – Кара Делевињ.

Но, таа не е единствената ѕвезда во фотосесијата. Меѓу прекрасните и мили животни се најдоа желката Пука, папагалот Спуд и понито Дасти.

Фотосесијата е сликана од величествениот Тим Вокер, кој досега постојано соработувал со Мулбери и правел едноставно неверојатни кампањи за модната куќа.

Од Мулбери соопштија дека целата идеја на фотосесијата била попладневната чајанка со Кара како домаќинка во друштво на нејзините разновидни, немирни животинчиња.

Објавено:
2 јануари 2014
Категорија: 
Актуел