Топ 5 пролетни кампањи: модни предвесници на топлата сезона

Пролетта полека се појавува во воздухот, а светските модни куќи не внесуваат во такво расположение со своите прекрасни видео кампањи за сезоната пролет 2014 година. Во едни од најдобрите ги вбројуваме оние на: Дона Каран Њујорк, Кавали, Александар Меквин и Мулбери.

Just Cavalli

Пролетната кампања на  „Just Cavalli“ ги отелотворува основните вредности на љубовта, животот, стилот и желбата за изразување на индивидуалноста, а моделите Емили ди Донато и Саманта Градовил се оние што не внесуваат во тоа.

 

Дона Каран

Племенски и извонредно привлечна, Адријана Лима е ѕвездата од пролетната кампања на Дона Каран. Локацијата е Хаити, а Лима и манекенот Андрес Валенкосо го делат инспиративното патување на еден маж и жена.

 

DKNY

Манекенките Кара Делевињ и Џордан Дан ве носат во урбаниот и модерен свет од Њујоршките улици каде танцуваат и позираат заедно со рапери и моделот Дилан Рајдер.

 

Александар Меквин

Кејт Мос е жената која е постојано под нишан од рекламната кампања на Меквин. Иако создадена во градската темнина , жената на Меквин е мистична и урбана без да се плаши за сите несакани последици.

#t=250

 

Мулбери

Уште еднаш манекенката Кара Делевињ, за која часовникот застанува кога е време за чај со нејзините гости од кои ќе се изненадите.

Објавено:
6 март 2014