Оскар де ла Рента ја презентираше колекцијата подготвена за оскаровскиот црвен тепих

19 декември 2022

Оскар де ла Рента под креативно водство на Лаура Ким и Фернандо Гарсија, ја презентираше новата pre-fall колекција за 2023 година која ја носи деликатноста на летната есенција интерпретирана во женственост подготвена да парадира на црвениот тепих на Оскарите.

Флорални мотиви и живи бои нијансирани во омбре ефект, од една страна и елеганција и гламур од друга. И во тој комплициран концепт во кој функционираат и реси и тантела и плетенини и свила дефинирани во игриви кроеви, владее романтичната жена која истовремено покажува доминација и моќ преку смел моден избор, онаков каков што Оскар де ла Рента нуди.

 

Објавено:
19 декември 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
517 пати