Мароканска естетика во новата колекција на Оскар де ла Рента
•
13 септември 2018
Откако пред две години Лаура Ким и Фернандо Гарсија застанаа на чело на креативниот тим, дискурсот на Оскар де ла Рента доби нова, свежа и младешка нота.
Новата креативна енергија донесе поопуштена и полежерна естетика, но сепак она што значи префинетост и луксуз препознатливи за брендот, го имаат своето централно место.
Во новата колекција за сезоната пролет-лето 2019, дизајнерите се послужиле со егзотичната естетика на Мароко, па целата линија го следи сензуланиот марокански дух прикажан преку уникатните етно везови, екстравагантните долги кафтани, а секако во изобилство се присутни и фантастичните женствени фустани, кои се уште една препознатлива карактеристика за Оскар де ла Рента.