Во Ски Центарот Маврово во саботата се одржа настан организиран од брендот SuperDry на кој претставниците на медиумите, блогери и инфлуенсери имаа можност да уживаат во чистиот планински воздух, сонцето, како и пријатната атмосфера во Старо Бачило, дополнета со звуците на ДЈ Irie Scratch.

SuperDry со овој настан сака да стави акцент на зимската колекција наменета за сите вљубеници во зимските спортови или едноставно, наменета за сите оние кои сакаат да поминуваат време на планина и на снег.

Како и секогаш, моделите на SuperDry се модерни и впечатливи, со доминантни бои со кои секогаш ќе бидете забележани на ски терените.

Изгледот дополнете го со соодветни зимски додатоци, како очила за скијање, топли шалови, капи и ракавици.

Објавено:
24 декември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
284 пати