Во градот конечно дојде вистинско лето, па сега е време да ги пронајдеме најубавите блузички во кои ќе уживаме на високите температури.
Нема ништо поубаво од блуза или фустанче од пријатен материјал во кои ќе може да уживаме во текот на целиот ден, без да се чувствуваме непријатно.
Токму вакви блузички има овој фантастичен бренд, чии дизајнери истите ги изработуваат од висококвалитетен лен кој е еден од најпосакуваните материјали во летниот период.
Веројатно на Инстаграм сте забележале дека девојките го обожаваат овој топ во вид на панделка, бидејќи е фантастичен и може да се комбинира со што и да посакате.
Овие прекрасни парчиња доаѓаат од австралискиот бренд Posse, а истите се рачно изработени и може да се купат исклучиво со нарачка онлајн.
Сопственичката на брендот, Даниел Мулхам за една година успеа да заработи повеќе од милион долари, бидејќи нејзините парчиња се едни од најпопуларните меѓу блогерките и познатите дами.
Сите парчиња што таа ги создава се совршени за летниот период, а токму поради тоа најголемиот дел од новата колекција веќе е распродаден.
Инфо и фото: Buro 24/7