Знаете дека во текот на летото омилен моден додаток на дамите и момците се очилата за сонце, а колекционерите на истите особено ќе се израдуваат на овој текст.
Денеска ви претставуваме еден модел очила за сонце како ултимативен must have оваа топла сезона, благодарение на прекрасните земјени тонови во кои се изработени.
Истите се во форма што би ѝ прилегала на секоја дама, а боите варираат од светли па сѐ до потемни кафени нијанси, а рамките се во неодолива жолта боја.
Можете да ги носите со сите фустанчиња кои ви се омилени во летниот период, како и со тантелните бели блузички и џинс со висок струк.
Одлични се и за комбинирање со костимите за капење, па тоа подразбира дека се и задолжителни за на плажа. Пружете им поинаква димензија и комбинирајте ги и со некоја сламена шапка во крем или кафена нијанса и целосно заштитете се од силните зраци на сонцето.
Овие очила и многу други модели можете да најдете во продавницата на познатиот бренд за модни додатоци Parfois.