Официјалната соработка на Донатела Версаче и Ентони Вакарело започна во јануари годинава. После соработката на капсулната колекција за Versus, Вакарело го обезбеди своето место на креативен директор. Не треба посебно да се напомене дека на вчерашното шоу во првиот ред седеше токму Донатела која со големо внимание ја проследи ревијата на Ентони Вакарело, за неговиот бренд,
Ако Версаче понудија колоритна колекција, дизајнерот во својата колекција се држеше до темните бои, односно црната и кафената, во комбинација со златна и црвена.
Доминираше асиметријата препознатлива за естетиката на овој дизајнер, како и креации со апликации на ѕвезди, или со рабови во облик на ѕвезда. Тие како вели и самиот Вакарело се резултат на неговиот долг престој во САД, односно попрецизно, се инспирација од американското знаме.
Освен кусите здолништа, панталони и кошули со кожени детали, како и фустаните со широко деколте, особено внимание привлекоа креациите кои воедно ве оставаат да размислувате дали се работи за фустан, панталони, или шорц?
Во продолжение погледнете ја целата колекција на Ентони Вакарело за есен-зима 2015/16.