Погледнете ја шармантната винтиџ колекција шолји за чај на Миранда Кер

3 мај 2014

По многубројните соработки на австралиската манекенка, сега на ред дојде порцеланска винтиџ колекција – и Миранда Кер го изведе тоа на навистина шармантен начин!

Во соработка со Ројал Алберт, прекрасната манекенка дизајнираше навистина одлични шолји за чај, порцелански чинии, чајници и сите до последно парче во винтиџ дух.

Колекцијата веќе е пуштена во продажба, а за истата е организирана и наградна игра во која ако победите, ќе имате можност да испиете утрински чај со манекенката.

Сите парчиња од колекцијата се изработени од висококвалитетен порцелан, а инспирирана е од нејзината љубов кон природата, од боите во нејзината градина, од природните убавини што ги видела низ целиот свет и секако, од спомените од попладневните чајанки што таа ги имала со нејзината баба.

Парчињата се во прекрасни пастелни бои, а украсени се со пеперутки и многу цвеќиња. Доколку сакате да си купите еден ваков порцелански сет, за тоа ќе мора да одвоите околу 150 евра.

Погледнете!

Објавено:
3 мај 2014
Категорија: 
Колекции