ПОП! Мода во Амбасадата на САД

29 април 2013

 

На гала вечерта се претставија млади дизајнери кои реализираа по три модели инспирирани од американската поп-култура: Виктор Цветановски, Марио Додовски, Елена Ивановска, Елена Цветковска, Хана Миленковска и Елена Додевска, Марио Милосов, Арта Шакири и Мешите Лочи, Гордана Вренцоска, Ана Камчева, Алмир Мили, Орнела Јордановска, Ксенија Котева и Еми Норис. Заедничкиот проект на Амбасадата и на FWSK го привлече вниманието на повеќе познати јавни личности и на истакнати македонски модни дизајнери. Тие го следеа настапот на младите креативци кои работеа на референци преземени од поп-артот, од делата на Енди Ворхол и Рој Лихтенштајн, на моменти буквално преземајќи елементи од поп-културата, а некои од нив успешно ги аплицираа инспирациите од зададената модна тема.

Објавено:
29 април 2013
Категорија: 
Колекции