Основата на секој модел произлегува од конструкцијата на стар костим, како и романтизмот кој е нејзина пасија и водилка во креирањето. „Колекцијата е наменета за сите храбри жени кои сакаат да носат нови и интересни парчиња и кои сакаат да бидат забележани од луѓето. „Стариот свет“ насловот на колекцијата, а пораката е дека старото нешто е рефлексирано врз новото време, односно старите костими и старата конструкција врз сѐ она што е ново“, вели Спасовска.Следеше ревијата на студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, а од оваа катедра произлегоа креации на селектирани дизајнери: Ивана Николова, Ана Лазова, Ана Камчева, Милена Коцевска, Орнела Јордановска, Лаунтина Кица, Јулијана Ѓоргиевска, Александра Вељановска и Андријана Јовановска. По нив ја видовме колекцијата на брендот „Виба Текс“, во која дизајнерот Методија Коцев претстави женски и машки модели за пролет-лето 2013 во кои доминираат практични и носливи парчиња облека.

Третата модна вечер на FWSK ја заокружи Сека Радончиќ која вообичаено за секоја колекција се инспирира од моќни жени, овојпат тоа е Јулија Тимошенко. „Центар на мојата креативна дејност беше Јулија Тимошенко која е импозантен, но и специфичен лик, тргнувајќи од нејзината специфична фризура и авангардниот изглед. Таа го спои традиционалното и модерното во едно и го проби табуто на класичен политичар со самото тоа се вивна на врвот на светските модни ликови. Веќе подолго време таа креативно ме испирираше. Колекцијата одговара на мојот дизајнерски израз, меѓутоа во последен момент како инспирација се вмеша и мојата скорешна посета на Париз. Така што на некој начин колекцијата го спојува западот и истокот, со акцент на истокот, за да на крај се добие еден совршен спој на модерното и традиционалното“, ни изјави Радончиќ

Објавено:
30 април 2013
Категорија: 
Колекции