Провокативни изгледи на јубилејното издание на модната недела во Мајами

23 јули 2014

Во летниот период најактуелно модно парче е секако костимот за капење кое најчесто оди во комбинација со егзотичните плажи, забавите, морето,  брановите и сонцето. Токму во еден ваков летен гламур и тропски ритам пулсираше прекрасниот Мајами каде изминатиов период беше актуелна модната недела Мерцедес-Бенз Мајами кој е доволно признат и познат и оваа сезона привлече голем број посетители и дизајнери од целиот свет. Овој моден настан е посебно значаен бидејќи мноштво брендови за костими за капење и облека за плажа можат да ги промовираат своите модели, со што се привлекуваат купувачи на глобално ниво.

Beach-Bunny Beach-Bunny

Оваа година  за време на модната недела која слави јубилеј-десет години постоење, присутните 100.00 гости имаа можност да погледнат околу 200 модни ревии кои се одржаа од 17-ти до 21-ви јули во хотелот Raleigh.

Gottex Gottex

Модните прогнози на костими за капење за наредната сезона на Miami Swim Week се навистина провокативни, бидејќи на писта видовме повеќе голотија отколку креативни изданија. Имаше и такви модели кои од страна на модните критичари беа прогласени за неносливи, бидејќи не беа воопшто функционални, комотни и повеќе откриваа одошто покриваа. Сепак, постојат различни карактери на луѓе и стилови, па затоа погледнете ја галеријата и кажете ни го вашето мислење.

 

Објавено:
23 јули 2014
Категорија: 
Колекции