Модната недела во Мајами слави 10 години постоење

12 јули 2014

Во 2004 година IMG Fashion имаше за цел да го донесе летниот гламур и егзотика во Мајами и така започна модната приказна на модната недела во Мајами. Десет години подоцна, Mecedes-Benz Fashion Week Swim е доволно признат и познат да привлече голем број посетители и дизајнери од целиот свет. Овој моден настан е посебно значаен и од економска гледна точка бидејќи милиони долари ја полнат локалната каса. Исто така, мноштво брендови за костими за капење и облека за плажа се одлучуваат на презентација во Мајами, со што привлекуваат купувачи на глобално ниво, а се и медиумски одлично пропратени.

Така, за 10-годишнината, за време на модната недела што ќе се одржи од 17 до 21-ви јули се очекуваат околу 200 модни ревии и 100.000 гости.

-Пред десет години ние имавме за цел да создадеме настан што ќе му помогне и ќе го промовира туризмот во Мајами во Јули и што ќе им помогне на дизајнерите. Заедно со нашите партнери стасавме до Mercedes-Benz Fashion Week Swim, која има дава на дизајнерите можност да ја раскажат нивната приказна на писта, да ја унапредат својата продажба и да го утврдат Мајами како стилска летна дестинација. Така, Mercedes-Benz Fashion Week Swim сега е најголемиот настан од овој тип во светот, со дизајнери од целиот свет. Голе број од нив го избираат токму Мајами, за првпат да се претстават пред публиката и купувачите. Така, со ова издание на модната недела, ние ќе го славиме сечиј успех - вели Џерад Кларк од IMG Fashion Events.

Во чест на 10 годишнината, планирани се неколку настани во градот. Модната недела ќе започне со официјална MBFW Swim Kick-Off Party. Во тие рамки ќе има и потсетување на изминатите 10 години со посебна презентација околу базенот на хотелот Raleigh, особено во чест на дизајнерите кои придонеле за успехот на оваа модна недела.

И додека сме во очекување на трендовите кај костимите за капење и облека за плажа за наредната година, во продолжение ви презентираме дел од актуелностите за ова лето, презентирани на минатогодишната модна недела во Мајами.

Објавено:
12 јули 2014
Категорија: 
Колекции