Разиграни принтови во новата колекција на H&M

28 април 2015

Шаренило од бои, принтови, интересни слогани и дезени, новиот лукбук на шведскиот гигант H&M за колекцијата насловена  „Divided“ e олицетворение на летната ноншалантност и игривост.

Линијата е во спортски фазон и вклучува кратки панталони со везови, транспарентни маички, лесни фустани, џинс елеци, како и фустани во два дела. Принтовите се застапени во различни варијанти и тоа од флорални до животински и племенски мотиви.

Без “револуционерни“ изненадувања, колекцијата е продолжение на комерцијалниот успех на брендот од минатата сезона, па повеќето парчиња ни се веќе добро познати.

Објавено:
28 април 2015
Категорија: 
Колекции