Replay создаде колекција што ги следи искуствата и барањата на консументите

28 август 2014

Секогаш верни на својата форма и  препознатливиот имиџ,  дизајнерите на италијанскиот бренд Replay оваа сезона инспирацијата ја црпат од триесет годишното искуство во креирањето на премиум производи и поставување стандарди во однос на материјалите, кроевите и изработката  на секоја нова колекција. Контрастот ја обележува колекцијата за есен-зима 2014 година, сочинета од ултра-модерни  парчиња како што е женската моторџиска јакна во нежна розова нијанса или пак панталони чија предна страна е изработена од неопрен и такви  во каро дезен, додека задниот дел е изработен од стандардна џинс текстура.

Уште еден интересен контраст е комбинирањето на широк горен и тесен долен дел од целосниот изглед, дополнет со комбинација од гранџ и етно елементи. За студените денови удобните дебели џемпери се практични и едноставно незаменливи.

Кај мажите, доминанти се впечатливите и припиени кроеви, додека боите се темни и се движат од темно црвена, сива па до темно сина и црна. Кожата како материјал и оваа сезона е застапена кај јакните, но и кај додатоците и чевлите.

Како и кај женската колекција, за подоцните месеци од сезоната удобноста е на прво место, изразена преку плетени парчиња направени од волна и палта со меки кроеви. Во продолжение погледнете го лукбукот за целосната колекција од култниот Replay.

Објавено:
28 август 2014
Категорија: 
Колекции