Ресорт колекција Оскар де ла Рента: фустани за мајки и ќерки
•
1 јуни 2015
Во својата трета колекција за Оскар де ла Рента, уметничкиот директор Питер Копинг донесе уште посвежа и младешка енергија, но сепак во рамките на препознатливиот дизајн на престижниот бренд. Во новата ресорт колекција, Питер беше расположен да креира фустани. И тоа во различни форми, со различни дезени и должини, фустани што би ги носеле и мајки и ќерки.
За разлика од претходната негова колекција, кога доминираа темните тонови, овој пат колорната карта е многу побогата и поразиграна. Особено впечатливи се везените флорални мотиви, и слободните силуети на 70-те, како и изглдот на „домаќинките“ од 50-те, но во ултра модернистички фазон.
Главна хероина во новиот лукбук е манекенката Валери Кауфман.