Рик Овенс со беспрекорен баланс на грубото и нежното во колекцијата за Париската модна недела

1 октомври 2022

Слично како и машката облека за пролет 2023 година, модниот бренд на Рик Овенс во колекцијата за зима/пролет 2023 која ја претстави на ревијата во рамки на Модната недела во Париз, вметна многу креации со широки рамена, наметки со качулки и необични дизајни на чизми.

Фото: Vogue

Сепак, во оваа колекција за женска облека доминираа посмирени силуети и бои. Моделите кои чекореа по скалите и модната писта поставена околу фонтаната на Palais de Tokyo, беа облечени во креации со широки раменици, како заштитен симбол на брендот, но и слоевити дизајни кои наликуваа на римски тоги.

Овенс, исто така, експериментираше со драпирање. Одделувајќи ја класичната силуета на туника, тој вметна набори со ткаенина на различни точки од телото, како што се колкот или половината.

Фото: Vogue

Како што се очекуваше од брендот, присутен беше и елемент на „техно естетика", рефлектиран преку дебели сребрени патенти, предимензионирани кабаници и тешки метални нараквици со манжетни.

Фото: Vogue

Веројатно инспирирана од неодамнешното патување на Овенс во Египет, во палетата на бои на колекцијата доминираа песочно-кафеави, земјени жолти и различни тонови на беж.

Фото: Vogue

Изборот на боја, во комбинација со цврстината на некои од материјалите, потсетуваа на костимите носени од ликовите во „Mad Max: Fury Road". Сепак, оваа суровост се компензира и со изгледот кој е многу женствен, со избор на обемни балски фустани од тул во живописни розеви нијанси кои внесуваат неочекувана нота на гламур во колекцијата.

Фото: Vogue

Погледнете како изгледаше колекцијата на Рик Овен во галеријата подолу.

Фото: Vogue

Објавено:
1 октомври 2022
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
236 пати