Сан Лоран ја претстави својата прва колекција на накит

5 мај 2023

Модната куќа Сан Лоран е последна во низата луксузни брендови што претставиле своја колекција на накит.
Францускиот бренд ја креираше Saint Laurent Haute Joaillerie, колекција на префинет накит којашто е составена од прстени, обетки, алки, манжетни и ѓердан.

Иако модната куќа од секогаш имала модни додатоци во своето портфолио ова е прва колекција од ваков тип на екстравагантен накит изработен од дијаманти, бело и жолто злато.

Колекцијата е дел на креативниот директор Ентони Вакарело.

На фотографиите елегантните парчиња се комбинирани со вечерни фустани и наредени во поголем број, едно до друго.

Прада, Гучи и Балман исто така неодамна претставија свои линии на префинет накит, додека Диор и Шанел веќе од поодамна се вклучени во производство на модни додатоци од овој тип.

Колекцијата на Сан Лоран е достапна онлајн и во неколку одбрани бутици на брендот. Цените се движат од 800 фунти за една обетка, па се до 40.000 за алка или манжетни.

Фото: Instagram

Објавено:
5 мај 2023
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
254 пати