Диско дивата, 79-годишната Дајана Рос е новото заштитно лице на луксузниот бренд Сен Лоран.
Ентони Вакарело, креативниот директор на модната куќа, информацијата ја објави на својот Инстаграм профил, едноставно само со фотографија од легендарната Рос без потреба од објаснувања.
Во коментар под објавата, Наоми Кембел напиша: Кралица, The Boss, веројатно најдобро опишувајќи ја нејзината големина како артист, муза и музичка легенда.
На фотографијата, Дајана позира во едноставен, елегантен црн фустан и ја носи за неа препознатливата, афро фризура.
Таа има долга историја со францускиот моден бренд. Кога ја започна нејзината соло кариера, во раните 70-ти, Рос често позираше за насловните страници облечена вокреации токму на Сен Лоран.
2024 ќе биде возбудлива модна година.
View this post on Instagram