Саша Лус во новиот лукбук на Том Форд за круз колекцијата за 2015 година

10 октомври 2014

Главните протагонистки на овој проект се Саша Лус и Сабрина Лофреда, кои за потребите на сликањето ја скратија косата и за разлика од кампањата на Диор каде Саша изгледа поедноставно, за лукбукот на Том Форд, двете се претставени како рок девојки со јака шминка, односно нагласени smokey eyes и впечатлив црвен кармин.


Круз колекцијата на Том Форд за 2015 година иако своите корени ги влече од 70-тите години, сепак ја истакнува и феминистичката страна преку кожените јакни, класичните панталони, кошулите, вечерните тоалети со цветен принт и дебелите ремени со нагласена тока.

Објавено:
10 октомври 2014
Категорија: 
Колекции