Ресорт колекции на Виктор и Ролф и Џил Сандер за 2015 година

26 јуни 2014

Ресорт колекција на Виктор и Ролф за 2015 година Ресорт колекција на Виктор и Ролф за 2015 година

Виктор Хорстинг и Ролф Снорен лансираа колекција која за разлика од нивните претходни се разликува по колоритноста на модните парчиња. Идејата од  ресорт колекцијата за 2015 година своите корени ги влече од пролетната колекција за висока мода, односно балерина формата е присутна низ сите креации, со тоа што преовладуваат набори, пеплум, волуменозни парчиња, а централно место зазема белата кошула во форма на лебед.

Ресорт колекција на Виктор и Ролф за 2015 година Ресорт колекција на Виктор и Ролф за 2015 година

Дизајнерскиот тим на Џил Сандер за ресорт колекцијата се реши да вметне еднобојни парчиња за чија инспирација послужија делата на германскиот артист Thomas Schütte. Концептот кој преовладува низ креациите е едноставен крој, кој дополнето со ремени околу струкот овозможува стилиризирање на изгледот. Од ресорт колекцијата, посебно се издвојуваат мантилите кои со врзување околу половината нудат волуменозност на долниот дел, како и палтата и јакните кои овозможуваат динамичност во движењата.

 

Ресорт колекција на Џил Сандер за 2015 година Ресорт колекција на Џил Сандер за 2015 година

Објавено:
26 јуни 2014
Категорија: 
Колекции