Првата инспирација на Фиби Фило при создавање на колекцијата есен-зима 20014/15 се жените од 1930-тите. Тоа е времето кога и жените почнуваат да носат машка облека, што посебно ја фасцинира дизајнерката на Селин.
-Овие жени прават работи кои се радикални во тоа време, како носењето машки парчиња облека, но тоа денес е сосема нормално. Многу сакав да ја претставам жената во сосема машка облека, но тоа беше комплексна идеја, така што се вратив малку наназад и вметнав и женствени силуети – вели Фило за Style.
Но, и покрај „машките“ елементи во колекцијата, како широки панталони со машки крој, Фило успеа да ја нагласи нежноста во парчињата.
-Сакав да изгледаат и да бидат почувствувани како да се допрени со човечка рака, а не машина. Начинот на кој што им приоѓав е еден вид на инстантна врска, исполнета со многу интензивни чувства – објаснува дизајнерката.
Ако се мислите каков капут да одберете, Селин може да ве инспирира. Долгите капути или оние до глужд, во глок или со рамен крој се појавуваат во неколку наврати во колекцијата. Интересно кај нив е и асиметричното закопчување.
Плетените парчиња пак, даваат чувство на мекост, удобност и топлина.
Она што изгледаше премногу тешко и не толку привлечно, беше изборот на обувки. Но, според Фило, гломазните сандали се тие што треба да ја внесат екстравагантноста.
Кога ќе се земат сите парчиња предвид, намерата на Фило, а со тоа и на Селин е да создадат еден зимски моден колаж, во кој секој ќе пронајде нешто според својот сензибилитет.