Сезонава носиме Levi's фармерки со висок струк

19 март 2019

Levi's ја започнува новата сезона со фармерки со ултра висока половина, новиот модел Levi's Ribcage. Овие фармерки нè носат во времето на Кетрин Хепберн и се одлични за да се долови винтиџ изгледот на модните икони од минатото, но и и на денешните стилски освестени жени кои сè почесто сами ги пренаменуваат своите 501 фармерки во модел со висока половина за перфектен тексас изглед.

Levi's® Ribcage е одличен модел кој го доловува духот на целата сезона, односно темата "Unbasic" - прослава на личниот стил и само изразувањето. Уметнички микс на современоста и автентичната естетика на Levi's, кој доаѓа во модел со прав крој и со скратени ногавици. Модел за напредно модно стилизирање кое во еден дел го задржува и класичниот Levi's изглед.

*Комерцијален текст

Објавено:
19 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
368 пати
Тагови: 
Levi's