Со доминантни нијанси од пастелната палета, принт од пруги, колорни блокови, монохроматика, но и контрастни комбинации од две бои и цветен принт, дизајнерката Соња Рикел ја претстави најновата ресорт колекција за следната 2015 година. Како што е насловена „Урбана поезија“, тематиката од креациите го следи урбаниот модерен дух на жената која пред се ги преферира смирените линии како од класичната така и од спортската облека.
Новото креативно дело на Рикел нуди лесни материјали пред се памучни, но секако не изостанаа ниту плетените парчиња по кои таа е и најмногу позната. Спортската елеганција дизајнерката ја потенцира преку спој на џемпери, блузони, кратки топови, пуловери со натписи, комбинирани со женствени плисирани парчиња, но и такви созрадени предку прекршени субверзивни форми. Очекувано е дека Соња Рикел на прво место ќе го стави комфорот и лежерноста, но овојпат тоа го направи го поголема доза на нежната и кревка страна на понежниот пол.