Современа уметност на маица

1 април 2014

Јапонскиот бренд Јуникло во соработка со Музејот за современа уметност создаде интересна колекција маици. Линијата содржи околу 200 маици инспирирани од работата на бројни уметници меѓу кои Енди Ворхол, Кит Харинг, Џексон Полок...

Миксот на новите дизајни е направен во соработка и со уметници кои и денес творат, а колекцијата е насловена како SPRZ NY (Surprise New Yourk). Првата „тура“ на производи е лансирана пред неколку дена, а наскоро се очекуваат и нови производи.

Сите вљубеници на современата уметност, покрај кул маичките ќе имаат можност да си набават и лесни, пролетни јакни, марами, како и платнени торби, а ќе бидат достапни во одбрани продавници ширум светот, како и онлајн.

Цената на моделите се движи од 3,5 до 37 евра, а секојкореспондира со соодветно парче од колекцијата од Музејот. На тој начин со памучните парчиња добивате и доза на знаење. Комплетната колекција можете да ја погледнете тука.

 

Објавено:
1 април 2014
Категорија: 
Колекции