Познатиот спортски бренд Рибок ја лансираше новата колекција со познатата британска дизајнерка Викторија Бекам која по втор пат соработува со компанијата.
Колекцијата е инспирирана од дневните спортски и модни ритуали на дизајнерката, а резултатот е и повеќе од фантастичен.
Во истата ќе најдете бројни женствени и унисекс парчиња облека, патики и разни спортски додатоци.
Викторија појаснува дека урбаниот живот во Лондон секогаш е голема инспирација за неа, па токму поради тоа во колекцијата преовладуваат модерни парчиња во земјени тонови.
За сезоната што следи Рибок и Викторија предлагаат шик бомбер јакни во црна нијанса, стилски блузони, памучни маици, задолжителни хеланки и тренерки во нежна розова нијанса.
Она што е интересно е тоа што таа во оваа колекција повторно ги „оживеа“ високите бели памучни чорапи што ги комбинира со патики во интензивни, но и едноставни бои како бела и црна.
„Со секое парче што го дизајнирав сакам да ја поттикнам самодовербата на поединците, а вежбањето го прави тоа најдобро. Тоа се моите основни идеи што ќе ги забележите низ целата колекција“, истакна дизајнерката.
Инфо и фото: Journal.hr