Сваровски колективот ја промовира колекцијата пролет –лето 2014

26 август 2013

Секоја година познатиот произведувач на луксузни кристали, Сваровски, прави соработка со група дизајнери што создаваат креации низ кои се проткајуваат кристалите на Сваровски, па така за следната пролет-лето 2014 година, беше промовирана колекција од свечени тоалети изработени од неколку дизајнери и модни куќи. Оваа година на овој проект се приклучуваат дизајнерите Алексис Мебил и Мајкл ван дер Хем, кои се избрани врз основа на нивниот талент и способност да демонстрираат  исклучтелна изработка со кристали. Во постоечкиот колектив на Сваровски се: Родарте,Прабал Гурунг, Гилс, Маша Ма, Суно и други.

Giles Giles

-Тоа е огромна чест да се биде дел од колективот на Сваровски, особено поради фактот дека досега на оваа група креативци се приклучиле и Кристијан Диор и Елза Шапарели. Сваровски кристалите се неверојатен момент кога се мешаат со високи стандарди на везови и текстури и навистина сум горд што станав дел од овој колектив, изјави ново приклучениот  дизајнер Мајкл ван дер Хем.

 

Suno Suno

Како членови на колективот, секој дизајнер добива финансиска поддршка како и одврзани раце во однос на имплементирањето на кристалите. Програмата е лансирана од 1999 година а  досега се приклучени повеќе од 150 дизајнери.

Објавено:
26 август 2013
Категорија: 
Колекции