groupage_CV_4-1024x379

Ако сте љубител на очила за сонце и од нив не се одвојувате и во зимскиот период, тогаш овој текст е за вас. Сваровски во соработка со Italia Independent создадоа колекција на „зимски“ очила. Она што се истакнува кај речиси сите модели е материјалот за изработка на рамките, со ефект на кашмир, карактеристичен за стилот на Italia Inependent. Кога ги гледате рачките пак, имате впечаток дека се изработени од кожа.

Покрај оваа комбинација на материјали, свој придонес за впечатливоста на овој моден додаток секако придонесува и новата генерација на Сваровски кристали. Секој од кристалите е рачно аплициран на рамките.

0903CV.009.000-1024x682

Колекцијата е составена од два унисекс модела и еден дизајниран специјално за жени. Најновиот кристал од Сваровски XIRIUS 1088 е достапен во 88 бои, кои совршено ќе се совпаднат во секоја нијанса на очилата за сонце. Палетата на бои е голема, па изборот за сите заинтересирани ќе биде забавен.

Погледнете ги и изберете го вашиот омилен модел. Дури и да не можете да си дозволите да ги купите, можете да си дозволите да се забавувате и фантазирате:

0090CV.057.000-1024x682

0904CV.044.000-1024x682

groupage_CV_1-1024x682

groupage_CV_2-1024x682

groupage_CV_3-620x930

Објавено:
12 ноември 2014
Категорија: 
Модни додатоци