Спортмакс лансира линија на очила за сонце

30 октомври 2013

 

 

Силуети изработени во геометриски техничка и точна перфекција. Новата линија на очила за сонце за пролет 2014 на брендот Спортмакс и  Cutler & Gross покажа неверојатен дизајн. Шест модели на очила, секој достапен во четири бои, со естетски класични рамки кои се изработени од посебен материјал наречен „телевизија“ кој ви обезбедува дополнителна длабочина на предните стакла. Рачките се украсени со мали дијаманти, чија форма потсетува на кристалите на сваровски, а секој дизајн е рачно обработен за поголема уникатност и специфичност, кои и воедно се симболи со кои се карактеризира овој бренд.

 

 

За да се прослави годината на основањето на двете компании, во 1969 година, беа произведени 69 модели во две бои, црна и розова кои се веќе достапни во продавниците на Спортмакс ширум светот.

 

 

За снимање на едиторијалот со новите модели на очила за сонце беше избрана манекенката и ди-џејЛија Лезарк, која требаше да ја раскаже приказната на ултра модерната линија.

 

 

Објавено:
30 октомври 2013
Категорија: 
Модни додатоци